Голден стејт славеше против Хјустон во дербито на вечерта

Голден стејт славеше на гостински терен против Хјустон со 125-108 во дербито на вечерта во НБА лигата, реванширајќи се на тој начин за незгодниот пораз во „Оракл арената“.

Вориорси имаа неколку расположени играчи, а предводеше Кевин Дурант со 32 поени и седум асистенции. Стеф Кари дополни со 24 поени и седум асистенции, додека Клеј Томпсон мечот го заврши со 16 поени. Најефикасен кај домашните беше Клинт Капела со 22 поени и 12 скока.

Филаделфија во интересен меч славеше против Портланд со 93-92. Херој во третата едноподруго победа на Филаделфија беше Роберт Ковингтон кој погоди тројка на четири секунди пред крајот на мечот. Ковингтон мечот го заврши со 22 поени и шест скока, а најефикасен во домашниот состав беше Илјасова со 24 поен. Кај гостите се истакна Дамиан Лилард со 30 постигнати поени.

Кошаркарите на Бруклин запишаа победа по 11 едноподруго порази. На гостувањето кај Њу Орлеанс постигнаа дури 143 поени, славејќи со 114-143. За нив ова е само деветта победа сезонава. Хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ постигна 23 поени, а ист број поени имаше и Брук Лопез. Кај домашните Ентони Дејвис беше најдобар со 22 поени и 9 скока.

Во останатите мечеви, Шарлот беше подобар од Торонто со 113-78, Орландо победи против Милвоки со 112-96, Атланта беше поуспешна од Чикаго победувајќи со 102-93, Мемфис, пак, славеше на домашен терен против Сакраменто со 107-91, додека Јута победи на гостувањето во Далас по продолжението со 107-112. ЛА Лејкерси дојдоа до триумф против Индијана со 108-96.

Се вчитува...