Голден стејт убедлив во „револверашката пресметка“, Атланта со пресврт до триумф

Кошаркарите на Голден стејт славеа против ЛА Клиперс во „револвирашката пресметка“ во Стејплс центарот со 133-120.

До петтиот едноподруго триумф гостите ги предводеше Стеф Кари со 29 поени и 11 асистенции, а „дабл-дабл“ ефект имаше и Кевин Дурант со 26 поени, 10 скока и 8 асистенции. Клеј Томпсон мечот го заврши со 21 поени и седум скока. Во редовите на Клиперси подобар од останатите беше Блејк Грифин со 31 поен.

Во останатите три синоќешни меча, Вашингтон славеше против ЛА Лејкерс со 116-108, и на тој начин стигна до 16-та едноподруго победа на домашен паркет. Одличен беше Џон Вол со 33 поени и 11 асистенции, додека Бредли Бил дополни со 23 поени.

Атланта славеше на гостувањето против Хјустон со 113-108. Атланта успеа да надополни 20 поени негатива во последниот период (97-77), а до големиот пресврт ги водеше Тим Хардавеј Џеј-ар со 33 постигнати поени. Одличен меч имаше и Двајт Хауард со 24 поени и 23 скока. За Хјустон недоволни беа и 41 поен, осум скока и осум асистенции на Џејмс Харден.

Убедлива победа запиша Сан Антонио против Филаделфија од 102-86. Се издвои во победничкиот тим Каваи Ленард со 19 поени, осум скока и пет асистенции, Дивејн Дедмон имаше 13 поени и 10 скока.

Се вчитува...