Голеада на „Балаидос“ – Селта двапати водеше, но на крај победи Севилја (ВИДЕО)

Тимовите на Селта Виго и Севилја приредија неверојатен натпревар зачинет со одлични шанси, акции, борбеност и дури седум голови. Во натпревар од 30. коло во Примера, Севилја на гости успеа да дојде до голема пебда против тимот на незгодната Селта.

Натпреварот го оворија гостите уште во 7. минута, кога Жулез Кунде беше прецизен со глава по одличниот центаршут од корнер знаменцето. Сепак, во продолжението на натпреварот домаќините дојдоа до целосен пресврт откако во 19. минута главниот судија досуди најпрвин пенал по еден прекршок во шеснаесетникот на Севилја, а прецизен од белата точка беше Јаго Аспас. Истиот играч повторно предизвика кошмар кај гостите, па по четири минути игра, беше одново прецизен и донесе водство од 2-1. Последните минути од првото полувреме донесоа нови два гола, најпрвин во 35. минута Фернандо успеа да го совлада Иван Вилар, а потоа повторно тимот на Селта Виго обезбеди предност преку одличниот лоб-шут на Браис Мендез, па со вкупен резултат од 3 – 2 по 45. минути игра се замина на пауза.

Второто полуверме припадна на гостите, а Иван Ракитиќ ја најави победата во 60. минута успевајќи да ја испрати топката во долниот десен агол, па донесе резултат од 3-3. Алехандро Гомез беше херојот на Севилја, тој во 76. минута беше прецизен и донесе ново и конечно водство за неговиот тим со вкупен резултат од 3-4.

Со оваа победа Севилја има 61. бод и се наоѓа на 4-та позиција која води до пласман во Лигата на шампионите, Селта Виго пак останува на 10-то место со 37. освоени бода.

 

 

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...