Голеада на контролата меѓу Баерн Минхен и Салцбург (ВИДЕО)

Баерн Минхен и Салцбург одиграа феноменален контролен натпревар кој изобилуваше со многу голови. На крајот дуелот заврши без победник 4-4 иако аутсајдерот од Австрија во еден момент имаше предност од два гола.

Баварците поведоа со 1-0 со голот на Лирој Сане уште во 9. минута од натпреаварот. До крајот на првото полувреме Австријците израмнија на 1-1 со погодокот на Коита во 17. минута. Во вториот дел со головите на Конате во 50. и Окафор во 54. минута гостите водеа со 1-3. Сепак, големиот фаворит успеа да стигне до водство со головите на Аријон Ибрахимовиќ во 69, Коман во 71 и Тел во 88. минута, но на крајот беше реми 4-4 со погодокот на Окафор во 89. минута.

 

 

 

Се вчитува...