Голем број земји го бојкотираат Светското првенство во бокс поради Русија и Белорусија

Боксерите од Шведска, Чешка и од Канада нема да учествуваат на Светското првенство во бокс, приклучувајќи се на бојкотот што го водат САД и Ирска поради вклучувањето на руски и белоруски спортисти и проблемите со организаторот.

Машкото и женското првенство го организира Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА), чиј претседател е Русинот Умар Кремљев, а руската енергетска компанија Газпром е најголем спонзор на ИБА.

Боксерското тело им дозволи на натпреварувачите од Русија и Белорусија да учествуваат со нивните национални знамиња и химни, спротивно на предлозите на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).

Женскиот боксерски шампионат е во Њу Делхи од 15. до 25. март, а машкото СП во Ташкент, Узбекистан, во мај.

Се вчитува...