Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси донираше 80.000 евра за обнова на областа Сиера Оесте во регионот на Мадрид, која беше тешко погодена од големите шумски пожари.
Донацијата ја потврди претседателката на автономната заедница Мадрид, Исабел Дијаз Ајусо, која јавно му се заблагодари на Меси и порача дека жителите на Мадрид со нетрпение очекуваат повторно да го пречекаат.
Катастрофалните пожари избувнаа кон крајот на јули и зафатија околу 27.000 хектари, при што беа уништени околу 100 куќи, а штета беше регистрирана и на бројни други објекти. И покрај големите материјални загуби, во пожарите немаше загинати ниту потешко повредени лица.
Регионалните власти отворија фонд за донации со цел да им помогнат на жителите и општините погодени од оваа природна катастрофа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
