Голем пожар на тетовскиот стадион: Изгоре и дел од трибината (ВИДЕО)

Голем пожар синоќа го зафати подтрибинскиот простор на Градскиот стадион во Тетово, во кој изгореле и дел од столчињата на една од трибините, информираа од тетовската пожарна служба.

Пожарот почнал откако се запалил делот со деловните простори под трибината, а потоа се проширил и на трибината на која изгореле дел од столчињата. Пожарот избил во 20:35 часот, а локализиран е околу 21:45 часот, притоа изгаснат со четири возила на противпожарната служба.

„Имавме на почеток проблеми со ненадеен проток на струја поради пожарот, кратки споеви и мали експлозии. Но, откако беше исклучена струјата потоа беше локализиран пожарот. Но, мора да потврдиме дека изгореа и дел од столчињата на трибината на стадионот“ – информираа од тетовската противпожарна служба.

Се вчитува...