Анамарија Голтес го повлече своето барање за издршка за нивните две деца, но правната сага се уште не е завршена. Драмата меѓу Лука Дончиќ и неговата поранешна свршеница Анамарија Голтес доби ново поглавје.
Како што пренесува „TMZ Sports“, Анамарија поднесе барање за повлекување на постапката пред судот во Лос Анџелес, во која бараше издршка за нивните две деца. Во документите таа наведе дека го прави тоа со јасна намера да се најде пријателско решение надвор од судницата.
„Го повлекувам барањето за издршка со конкретна намера ова прашање да се реши мирно и со заеднички договор што е во најдобар интерес на нашите деца“, изјави Анамарија во судските документи.
Сепак, случајот се уште не е целосно завршен. Судот го одби нејзиното барање за повлекување бидејќи документите не го содржеа потписот на Лука, што значи дека постапката ќе мора дополнително да се решава. И покрај тоа, овој потег од многумина се толкува како знак дека двете страни одлучиле да ги намалат тензиите и да се обидат да најдат заеднички јазик.
Дончиќ и Голтес имаат две ќерки, а нивната благосостојба, според документите, сега е во центарот на целата приказна. Особено внимание привлече фактот што Анамарија не се откажа од можноста за спогодба, туку остави простор за мирно решение. Правната формулација „без прејудицирање“ значи дека барањето би можело повторно да се покрене во иднина доколку не се постигне договор.
Во последните месеци, Лука Дончиќ се обидува да го држи својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, но секој детал од семејната драма на НБА-ѕвездата привлекува огромно внимание.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
