Голем пресврт: Рангник се премисли, Пиоли останува на чело на Милан

Ралф Рангник неколку месеци преговараше за да стане тренер и спортски директор на Милан, се чинеше дека веќе е постигнат и целосен договор, но вечерва од Германија пристигнуваат изненадувачки информации – Рангник ќе остане во Лајпциг и летово нема да се пресели на „Сан Сиро“. Деталите околу промената на ситуацијата не се обелоденуваат, но се чини дека Рангник не успеал да се договори со својот актуелен клуб за предвремен раскин на договорот.

Милан требаше да плати извесна отштета, но „росонерите“ одбиваа да го сторат тоа верувајќи дека ако Германецот веќе добива апсолутна власт во нивниот клуб, најпрвин ќе треба да се избори за да дојде на „Сан Сиро“.

Впрочем, ваквиот развој на настаните е добра вест за огромен дел од приврзаниците на италијанскиот клуб, со оглед на игрите што тимот ги прикажува во последно време под водство на Стефано Пиоли. Италијанските медиуми најавуваат дека Пиоли ќе потпише нов тригодишен договор, со што се зголемуваат и шансите да се премисли Златан Ибрахимовиќ, па и шведскиот голгетер да остане на „Сан Сиро“.

Се вчитува...