Барселона до врв ја наполни мрежата на Расинг Сантандер, но тренерот Ханси Флик има причина за загриженост по овој натпревар откако незгодна повреда заработи првиот голман Џоан Гарсија.
Одличниот чувар на мрежата беше заменет на паузата меѓу двете полувремиња со Шчесни, кој направи катастрофална грешка при вториот гоол на гостите, а Флик по мечот обелодени дека проблемот со Гарсија не изгледа наивно.
„Гарсија се лизна незгодно и почувствува нешто во коленото. Се пожали на болка и никој од нас не сакаше да ризикува. Проблемите со колената знаат да бидат незгодни, ќе ги почекаме деталните прегледи да видиме за што точно станува збор“, истакна Флик.
Барселона пред крајот на летниот преоден рок го доведе и хрватскиот репрезентативец Ливаковиќ, но за Флик нема дилема – втор голман останува Шчесни.
„Таа одлука е донесена од претодно, Џоан е број 1, потоа следи Шчесни, па Ливаковиќ. И тоа нема да се промени“, порача тренерот на Барса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
