Голем удар за Борец: Тешка повреда на Гавриќ

Борец Велес се соочува со огромен проблем на десетина дена пред почетокот на новата прволигашка сезона, по повредата што ја заработи Никола Гавриќ. Хрватскиот дефанзивец важи за еден од лидерите на велешкиот прволигаш, но поради повреда на тетивата врз него мораше да биде извршен хируршки зафат.

„Голем хендикеп и несреќа за нашиот клуб во последната фаза од припремниот дел. Хрватскиот интернационалец Никола Гавриќ заработи повреда која за жал не е наивна и мораше веднаш да се интервенира со операција на десната нога (мала руптура на ахилова тетива). Операцијата помина одлично и нашиот фудбалер се чуствува одлично. Му посакуваме успешно опоравување и што побрзо враќање на терен. Глава горе Мажиште“, – објави ФК Борец.

Велешкиот клуб во првото коло од новата сезона на 9 август ќе му гостува на тимот на Вардар.

Се вчитува...