Голем удар за ПСЖ пред реваншот со Баерн

ПСЖ вчера рутински славеше со 1-4 на гостувањето против Стразбур, но овој триумф би можел да биде скапо платен поради повредата што ја заработи Кејлор Навас. Костариканскиот голман беше стартер во Стразбург, но мораше да биде заменет на паузата меѓу двете полувремиња.

Станува збор за повреда за која не се знаат премногу детали, но „светците“ стравуваат дека би можеле да останат без својот прв голман токму во клучниот дел од сезоната. Навас, кој заедно со Мбапе беше најдобар поединец во големата победа над Баерн сега речиси сигурно ќе го пропушти реваншот од четвртфиналето во Лигата на Шампионите.

Маурицио Покетино со нетрпение ќе ги очекува понеделничките тестови на Covid-19 на Верати и Флоренци, кои доколку добијат негативни резултати ќе можат да настапат против Баерн.

Се вчитува...