Голем успех: Кипријановска со својот Самбре Авеноа ја освои втората француска лига

Ракометната репрезентативка на Македонија, Јована Кипријановска направи голем успех о нејзиниот Самбре Авеноа откако на доминантен начин ја освојија втората лига на Фрација и со тоа обезбедија пласман во елитата.

Самбре синоќа на домашен терен славеше над Лил со убедливи 23-10 и со тоа на едно коло до крајот обезбеди пласман во елитниот шампионат на Франција следната сезона.

Кипријановска својата кариера ја почна во ЖРК Куманово каде беше најдобар поединец во двете сезони во низа во која клубот стигаше до титулата во домашниот шампионат, а интернационалното искуство го почна во Франција во 2022 година.

Се вчитува...