Голем успех за Македонија: Каратистката Мишовска во финале на ЕП

Македонската каратистка  Михаела Мишовска направи голем успех откако денеска се пласираше во финалето на Европското првенство кое се одржува во Задар. На вториот ден од Европското карате првенство за сениори ктетовката Мишовска по четири извонредни мечеви, се пласираше во финалето во категоријата до 50 килограми.

Во првиот меч против репрезентативката на Италија Петфето Ерминиа победи по судиска одлука откако беше 7-7. Втората победа ја избори над репрезентативката на Грузија Васаде Мариами со резултат од 5-4. Во третиот меч славеше против Амос Корал од Израел повторно по судиско изјаснување.

За влез во финалето славеше убедлива победа над Тзилиа Елени од Грција со 4-1. Во финалниот меч силите ќе ги одмери со хрватската репрезентавка и неколкукратна освојувачка на медали Ема Сгардели.

Се вчитува...