Голема победа за Лече на Николов и Жута во трката за пласман во Серија А

Бобан Николов и неговиот Лече стигнаа до голема победа над директниот ривал Киево Верона од 4-2 во натпревар од 28. коло во втората италијанска фудбалска лига. Маџо во 9. минута донесе водство за домаќините. Во 22. Оби израмни на 1-1, а до крајот на првиот дел со головите на Кода на двапати и Петинари Лече стигна до убедливо водство од 4-1.

До крајот на мечот гостите успеаја само да го ублажат поразот со голот на Могос во 53. минута. Николов и Жута влегоа во 46. минута и го одиграа целото второ полувреме. Лече во моментов е на 4. место на табелата, но има само два бода негатива зад второпласираната Венеција која во моментов се наоѓа на последното место кое води директно следната сезона во Серија А.

 

Се вчитува...