Голема победа за Србинките против Јужна Кореја, Русија убедлива со Романија

Ракометарките на Србија со 36-33 славеа против Јужна Кореја во првиот натпревар од втората фаза на Светското првенство.

Србинките беа исклучително расположени во првото полувреме кога постигнаа 21 гол, најавувајќи ја победата. Во вториот дел само рутински ја одржуваа предноста за исклучително важен триумф.

Јелена Лавко беше најефикасна кај Србија со седум гола, а Поп-Лазиќ заврши со пет погодоци, како и Николиќ, Трифуновиќ и Лишчевиќ.

За Србинките ова се први бодови во втората фаза од натпреварувањето, додека Јужна Кореја два пренесе од првиот круг. Србија следниот меч го игра против Холандија, а Јужнокорејките ќе се соочат со Норвешка.

Денеска и во Групата 2, Русија ја победи убедливо Романија со 27-18 и сега има шест бода, додека Романките се без бодови.

Се вчитува...