Големи проблеми за Покетино пред Сити – Мбапе се повреди против Мец

Килијан Мбапе со два гола му донесе победа на Пари Сен Жермен на гостувањето кај Мец, но тренерот на „светците“ ќе има големи грижи до среда и натпреварот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите бидејќи неговиот најдобар фудбалер поради повреда мораше да го напушти натпреварот во 87. минута.

Мбапе по еден дуел поради болка во десната нога мораше да биде заменет, а цел Париз ги очекува дополнителните лекарски прегледи по кои ќе се знае дали младиот Французин ќе биде подготвен за првиот натпревар од полуфиналниот двомеч од Лигата на шампионите против Манчестер Сити кој ќе се игра во среда.

Се вчитува...