НБА го смени системот на натпреварување во шутирањето на тројки на Ол-стар викендот. Кошаркарите наместо досегашните 25 пати, ќе шутираат 27 пати, а за настап наместо досегашните 60, ќе имаат 70 секунди.
За тие дополнителни десет секунди, кошаркарите ќе имаат два дополнителни шута, кои ќе бидат 1,8 метри оддалечени од линијата за три поени кои ќе вредат три поени. НБА на овој чекор се одлучи бидејќи кошаркарите се почесто шутираат од големи дистанци. Останатите правила остануваат непроменети. Меѓу 25 топки има пет шарени кои ќе вредат по два поени.
Ол-стар викендот ќе се одржи во Чикаго во периодот од 14 до 16 февруари, а во натпреварот за тројки ќе учествуваат Демјен Лилард од Портланд, Давис Бертанс од Вашингтон, Бади Хилд од Сакраменто, Девонте Грем од Шарлот, Данкан Робинсон од Мајами, Тре Јанг од Атланта, Зек Лавин од Чикаго и Џо Херис од Бруклин кој ја брани титулата од минатата година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА