Големиот шампион Нурмагомедов – Хабиб покажа како изгледа скршеното стапало со кое сепак успеа да триумфира (ФОТО)

Хабиб Нурмагомедов уште еднаш ја одбрани УФЦ-титулата во лесна категорија по победата над Американецот Џастин Гатје во Абу Дабу. Веднаш по својата 29. победа во кариерата, без ниту еден пораз, Хабиб објави дека се пензионира затоа што мора да ја исполни желбата на неговата мајка која го барала тоа од него. Тој борбата ја доби и покрај повредата на стапалото и скршеницата која ја заработил три недела пред борбата.

Тој на социјалните мрежи покажа како изгледа неговото стопало и со тоа ги затвори устите на луѓето кои го напаѓаат дека не е вистина информацијата за скршеницата.

Се вчитува...