Големиот талент на Манчестер Јунајтед пред заминување: Пристигна во Барселона на преговори

Еден од најголемите таленти во академијата на Манчестер Јунајтед сака да си замине од „Олд трафорд“, а неговата следна дестинација би можела да биде Барселона.

Станува збор за 15-годишниот Џеј Џеј Габриел, млад напаѓач кој според информациите на англиските медиуми веќе побарал да си замине од „Олд Трафорд“. Весникот „Дејли Мејл“, Габриел пристигнал во Барселона на разговори за потенцијален трансфер.

Менаџерот на Јунајтед, Мајкл Карик, планираше сезонава почесто да му дава шанса да конкурира за настап во Премиер лигата, а дебито за првиот тим требаше да го има во Лига купот против Брајтон. Сепак, неговото барање да си замине ги промени плановите на Карик.

Габриел се смета за еден од најталентираните фудбалери во Англија. Минатата сезона играше за тимот на Манчестер Јунајтед до 18 години и на 22 натпревари постигна дури 20 голови. Освен Барселона сериозен интерес за Габриел пројавуваат и Реал Мадрид, ПСЖ, Баерн Минхен како и големите конкуренти на Јунајтед во Премиер лигата како Арсенал, Челси, Ливерпул и Манчестер сити.

Младиот фудбалер на 6 октомври ќе наполни 16 години, и според правилата ќе може полесно да си замине од Манчестер Јунајтед, односно „црвените ѓаволи“ ќе може да добијат само компензација поврзана со развојот на играчот, наместо класичен трансфер со голема отштета.

 

Се вчитува...