Големо признание: Поп Ацев ќе биде примен во Куќата на славните во маратонско пливање

Македонскиот маратонски пливач Евгениј Поп Ацев, ќе биде примен во Меѓународната куќа на славните на маратонското пливање во 2024 година. Церемонијата е закажана за 18 мај 2024 година во Канкун, Мексико.

Ацев е роден во 1988 година, и има 106 настапи во светската класа, во 21 земја за време на неговата кариера од 2007 до 2021 година. Постојано настапувајќи на високо ниво, Поп Ацев девет последователни години доаѓаше до подиуми во сериите.

Тој триумфираше на шест маратони: Италија (Капри – Неапол 36  км – 2016 година), Македонија (Охрдиски маратон 33 км – 2015 година), во 2015 година триумфираше на 19-километарски маратон во Шабац, Србија, потоа во Велес во 2019 година на 10 километарска трка, во 2010 на Бачко Градиште на 10 километри во Србија, и во 2012 година во Ровињ, Хрватска на 5 километри. Исто така обезбеди подиуми и во Аргентина и два пати во Канада.

„Со пливање почнав на 9 годишна возраст. Сфатив дека сум подобар во пливање на подолги патеки, и тоа ме насочи кон маратонското пливање“, изјави Поп Ацев кој покрај тоа, се одлучил да дипломира и за стоматолог, следејќи ги стапките на своето семејство.

Се вчитува...