Трнлив е патот на Гави до успехот, но суперталентираниот фудбалер на Барселона покажува играчка, но и човечка големина откако реши да инвестира повеќе од еден милион евра за помош на сиромашните во Лос Паласиос и Виљафранка, градот каде што е роден овој шпански репрезентативец.
Гави никогаш не крие дека е горд на тешкиот пат што го изодел кон врвот на светскиот фудбал, а зборовите ги поткрепи и со дела, целосно застанувајќи зад проектот вреден 1,3 милиони евра што треба да обезбеди 150 станови во најсиромашниот дел од неговиот роден град.
Планот е во овие 150 апартмани да има најмалку по два кревети, со што би се помогнало на минимум 300 лица да застанат на нозе во моментите на сериозни финансиски проблеми.
„Гави е човекот што застана зад проектот со кој ќе се изградат 150 мали станови со најмалку 300 кревети. Тој израсна во овој дел од градот пред да замине во младинската академија на Бетис, па потоа во Ла Масија, прекрасно е да се најде млад човек што веднаш чувствува потреба да возврати на заедницата“, пишуваат локалните медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
