Голманот на Манчестер Сити и на бразилската репрезентација Едерсон, го откри името на новиот селектор на „кариоките“ кои ќе ја води селекцијата во иднина.
Едерсон стигнал на собирот на селекцијата, и на новинарите им даде изјава, и кажа нешто што веројатно не требаше да каже. А, тоа е дека од јуни Карло Анчелоти ќе ја води селекцијата на Бразил.
„Зборував со Касемиро, Винициус и Милитао, и по она што можев да го дознаам, постои голема шанса Карло Анчелоти да стане селектор на Бразил. Ми кажаа дека е посебен тренер, и дека сите ќе го обожаваат. Ќе видиме што ќе се случи“, рече Едерсон.
Потоа кажа дека не постојат шанси на клупата на Бразил да седне неговиот тренер од Сити, Пеп Гвардиола.
„И тоа го коментирав и се пошегував дека не постои шанса. Тој неодамна потпиша нов договор на уште две сезони и таа опција не е можна. Оптимисти сме по прашање на новиот селектор, и покрај бројните шпекулации“, рече Едерсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА