Голманот Стевковски награден со нов договор од Македонија ЃП

Христијан Стевковски, голманот на Македонија ЃП останува на голот на „лавовите“ и во следните две години. Тој доби договор од страна на ѓорчепетровци и го прифати за нова двегодишна соработка.

Овој нов договор доаѓа после финалето во Купот, кога Стевковски беше херој и одбрани два пенали на Силекс, со што неговиот тим стигна до трофејот.

„Задоволство ми е што го продолжувам договорот и што останувам дела од овој тим. Се надевам на уште успеси и убави моменти во Ѓорче Петров“, изјави Стевковски.

Претходно договорот на две години го продолжи и тренерот Муарем Бајрами.

Се вчитува...