Горан Ѓорѓиевски повеќе не е тренер на Ангели

Горан Ѓорѓиевски повеќе не е тренер на Ангели откако двете страни спогодбено ја раскинале соработката. Младиот стратег беше дел од тимот од Кисела Вода во последните три години, претходната сезона го внесе во Првата лига, а оваа сезона успеа да стигне до две победи во „елитата“ на македонската кошарка.

Под водство на Ѓорѓиевски, Ангели врза двете победи во низа над МЗТ Скопје 2 и Работнички, но на последната средба против Гостивар претрпеа убедлив пораз па новлијата остана на билансот од два триумфа и 13 порази.

До крајот на првенството новлијата го очекува тешка задача за задржување на прволигашкиот статус па ќе биде интересно да видиме кој ќе го наследи Ѓорѓиевски на „жешкото столче“.

Се вчитува...