Горан Пандев и Аријан Адеми во дрим-тимот од квалификациите за СП 2022

Горан Пандев и Горан Пандев се избрани како дел од идеалните единаесетмина од почетокот во квалификациите за СП 2022, во изборот на францускиот магазин „Франс Фудбал“. Македонија одигра три натпревари на кои забележа две победи, од кои историска е онаа втората на која Пандев, Адеми и соиграчите го зедоа скалпот на фаворитот Германија.

Македонскиот ветеран постигна еден од двата гола при тој убедлив триумф, додека Адеми беше стрелец на премиерниот дуел со Романија на кој „црвено-жолтите“ претрпеа несреќен пораз од 3-1.

Покрај Пандев и Адеми, дел од овој идеален тим на стартот од квалификациите е и голманот на Литванија, Томас Шведкаускас, потоа Словакот Шкринијар, англискиот дефанзивец Хери Мегвајер и шкотскиот лев бек Киран Тирни. Во средниот ред покрај Адеми се наоѓаат и Ванакен од Белгија, Питас од Кипар и Барсегјан од Ерменија, додека друштво на Пандев во нападот му прават Србинот Александар Митровиќ и Данецот Андреас Сков Олсен.

Се вчитува...