Горан Пандев во изборот за најдобрите единаесетмина од групната фаза на ЕП (ФОТО)

Легендата на македонскиот фудбал, Горан Пандев го најде своето место меѓу најдобрите единаесетмина кои ја одбележаа групната фаза од Европското првенство според изборот на холандскиот медиум ‘NOS Sport’.

Холанѓаните за Пандев велат дека ја покажа својата величина не само како човекот кој ја однесе Македонија на големата сцена, туку на неа одигра и одлични натпревари. Пандев беше стрелец на историскиот прв гол за Македонија на Европско првенство, беше во фокусот и при изборениот пенал против Украина, а магијата ја пренесе и на дуелот против Холандија.

Легендата на мак-фубалот го привлече објективот на камерите поради емоциите за време на изведувањето на химната кога пушти и солзи. Пред крајот доби огромен аплауз не само од холандските и македонските фудбалери на теренот, туку и од навивачите на двете репрезентации на арената „Јохан Кројф“.

Се вчитува...