Горан Пандев во одбрано друштво – „Македонскиот сентурион“ заедно со Роналдо, Рамос, Азар, Модриќ, Левандовски… (ФОТО)

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев се најде во одбрано друштво на фудбалери кои имаат повеќе од 100 настапи за своите репрезентации, а ќе настапат на Европското првенство.

Покрај Пандев во ова друштво се и Кристијано Роналдо, Лука Модриќ, Серхио Рамос, Еден Азар, Роберт Левандовски.

„Долгогодишната ѕвезда на својата земја, Горан Пандев доживеа бајкa во кариерата, откако со Македонија стигна до пласман на Евро 2020 и ќе игра на својот прв голем турнир на 37 години. Пандев го даде голот со кој Македонија ја обезбеди визата за ЕП во Грузија“, пишува УЕФА. 

 

Се вчитува...