Горан Стојановски е нов претседател на Пливачката федерација на Македонија

Горан Стојановски и официјално е назначен за нов претседател на Пливачката федерација на Македонија, потег со кој дојде во целост до промена на претходното раководство во пливањето.

Изборот доаѓа откако вкупно 33 клуба од Македонија побараа промена на поранешниот претседател на Вонредното Собрание кое го одржаа на 17 декември, а Горан Стојановски официјално како Претседател на Националната пливачка федерација стапи на функцијата во февруари, но во текот на целото ова време се водеше директна комуникација со ФИНА.

ФИНА го потврди Горан Стојановски како нов претседател и направена е целосна промена на раководството во ФИНА, ЛЕН и сите други спортски интернационални институции.

Се вчитува...