Ѓорчепетровки крунисани како нови шампионки на Македонија (ФОТО)

Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров вечерва и официјално крунисани како старо-нови шампионки на Македонија.

Ѓорчепетровки вечерва во салата „Христо Батанџиев“ по завршување на натпреварот со Куманово, го добија шампионскиот пехар и медалите доделени од страна на генералниот секретар на Ракометната федерација, Филип Милошевски.

Претходно, пак Ѓорче Петров од Куманово го доживеа првиот сезонски пораз. Во неизвесен дуел кумановски триумфираа со 29-28, но тоа не го расипа шампионското славје на ѓорчепетровки кои уште од поодамна  ја одбранија шампионската титула.

Куманово, пак, со новите три бода останува во игра за второ место. Најефикасна во победничката екипа беше Сузана Зечевиќ со осум погодоци, а седум гола постигна Алмеида. Кај Ѓорче Петров најдобра беше Анастасија Николовска со десет погодоци.

Се вчитува...