Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ фјучрсот во словенечки Копер, откако денеска беше поразена во осминафиналето.
Teтовчанката по елиминацијата на шестата носителка, денеска доживеа изненадувачки пораз откако со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-4 беше елиминирана од 506. тенисерка во светот, Италијанката, Дебора Киеза.
Ѓорческа денеска ја очекува и меч во двојки каде со својата партнерка, Романката, Андреа Миту во четвртфиналето ќе се сретне со чешко/украинскиот пар Себестова/Соболева.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА