Ѓорческа елиминирана во четвртфиналето во Трнава

По вчерашната одлична победа над првата носителка на турнирот, Јапонката, Хонтама, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа немаше сила за нешто повеќе во денешниот четвртфинален меч на ИТФ фјучрсот во словачка Трнава.

Тетовчанката во денешниот меч беше поразена од Словенката, Вероника Ерјавец со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-4.

И покрај поразот во четвртфиналето овој турнир ќе донесе нов напредок на нашата тенисерка, која би требало да се појави во квалификациите за пласман на вториот гранд-слем турнир во сезоната, Ролан Гарос.

Се вчитува...