Ѓорческа поразена од 40. тенисерка на светот

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши својот настап на Челинџер турнирот во шопанската Леида.

Во осминафиналето на турнирот вреден 125.000 американски долари нашата тенисерка немаше сила за изненадување против 40. тенисерка во светот и поранешна гранд-слем шампионка во игра на двојки Катерина Синиакова.

Чешката тенисерка беше подобра од нашата Ѓорческа со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 6-2.

Се вчитува...