Ѓорческа поразена во игра на двојки на фјучрсот во Копер

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа заедно со нејзината партнерка, Романката, Кристина Андреа Миту беа проазени со 2-1 (2-6, 7-6 и 10-7)од Вероника Ерјавец и Доминика Салкова во полуфиналето на турнирот во Копер.

Ерјавец и Салкова беа подобри во првиот сет од Ѓорческа и Миту со 6-2, но потоа македонската тенисерка и нејзината колешка заиграа подобро и го освоија вториот сет во тај-брејк.

Во супер тај-брејкот се водеше голема битка, а на крајот победата им припадна на Ерјавец и Салкова со 10-7.

 

Се вчитува...