Ѓорческа повторно подобра од Хрватката Дражиќ

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по вторпат беше подобра од Хрватката Дражиќ на Шампионатот на источна Европа во Белград. По победата над Хрватката во првата фаза од турнирот, Ѓорческа денеска повторно со максимални 2-0, по сетови 6-2, 6-3 беше подобра од 819 тенисерка на ВТА листата.

Во вториот круг на турнирот ова е втора победа на нашата тенисерка, откако претходно беше подобра од Турчинката Ерајдин, а вчера домашната натпреварувачка Јоровиќ го предаде мечот.

 

Се вчитува...