Ѓорческа против Американката Викери на стартот од Австралија опен

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа утре околу 7 часот, по македонско време, ќе го игра својот меч од првото квалификациско коло на Грандслем турнирот „Австралија Опен 2017“.

Ѓорческа (206. место на ВТА ранг листата) во првото квалификациско коло ќе се соочи со Американката Саша Викери (137. место на ВТА листата) која е 18-та носителка на квалификацискиот турнир. 21-годишната Викери во 2014 година стигнала и до главниот турнир на Австралија опен каде загубила во првото коло. Нејзин најголем досега успех е второто коло на УС Опен во 2013 година.

sasha Vikeri

Ова е втор настап за Ѓорческа на еден Грандслем турнир, по она на УС Опен, кога загуби во првото квалификациско коло.

Се вчитува...