Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа го отвори настапот на Челинџерот во Анталија. Тетовчанката во првото коло во турскиот град за час и 26 минути славеше над Србинката Миа Ристиќ со 2-0, по сетови 6-1 и 6-3.
Првиот сет го доби нашата тенисерка со 6-1 за 39 минути игра, додека во вториот славеше со 6-3 за 47 минути.
Македонскиот тенисер Олег Приходко пак не успеа да го помине првото квалификациско коло на Челинџерот во австриски Тулн, откако 1 час и 31 минута загуби од Чехот Даниел Синиаков со 2-0, по сетови 6-2 и 6-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
