Ѓорческа успешно ја мина првата пречка во игра на двојки на фјучрсот во Копер

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успешно ја мина првата пречка во игра на двојки на турнирот во словенечки Копер.

Македонката заедно со својата партнерка, Романката, Андреа Миту во воведното коло беа подобри од чешкиот пар Викторија Бервид/Денис Хридникова со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-2.

Во второто коло македонско/романскиот пар за противник ќе го има чешко/украинскиот пар Себестова/Соболева.

Ѓорческа е дел и од турнирот во сингл конкуренција, а таму во првото коло за противник ќе ја има Романката, Анка-Алексија Тодони.

Се вчитува...