Гордана Нацева ќе биде амбасадор на ЕП 2022

Македонија ќе биде домаќин на Европското сениорско првенство во женска конкуренција на крајот на годината заедно со Словенија и Црна Гора. Скопје покрај тоа што ќе биде домаќин на групната фаза, во нашиот главен град ќе се одржи и главната рунда, по што најдобрите се селат во Љубљана.

ЕХФ од земјите организатори побара да одберат еден амбасадор, а од Македонија тоа ќе биде Гордана Нацева.

„Пред да се заблагодарам за амбасадор на првенството. Да го изразам задоволството за динамичниот Управен одбор, драго ми е што присуствував за време на анализите на машките и женските национални тимови. Поздрав до Савевски, до Бранче и Раде, прават неверојатно нешто со репрезентациите, исто поздрав до Лазаров. Со ваква посветеност ќе остане број еден федерација во Македонија. Ова е голема привилегија, задоволство, чест и одговорност, секогаш сум сакала да ја преставам Македонија во најдобро светло, резултатски и вака како држава“, рече Нацева.

Се вчитува...