Гордон кажа крај: Треба да имам два пехари, веќе нема да забивам на олстар

Арон Гордон не го криеше разочаруваањето по исходот во финалето од натпреварот во забивање, во кое атрактивниот кошаркар на Орландо загуби од Дерик Џонс Џуниор. Гордон доби помалку гласови од перфектните 50 за забивање преку највисокиот играч во лигата, Тако Фол, што го смета за голема неправда.

Прескокнав човек од 227 сантиметри и што добив? 47 поени? Немојте да се шегувате… Чувствувам дека треба да имам два трофеи од овие натпреварувања, а јас немам ниту едно. Мислам дека повеќе нема да учествува на забивањата на олстар викендот“, изјави Гордон.

Тој на сличен начин беше поразен и во финалето во 2016 година, кога загуби од Зек Лавајн.

Се вчитува...