Ѓоре Јовановски „на печалба“ во Саудиска Арабија

Поранешниот македонски селектор Ѓоре Јовановски се реши за нов предизвик во кариерата, откако искусниот стратег ја прифати понудата за преселба во Саудиска Арабија. Тој ќе биде дел од втората лига во ова натпреварување и ќе седи на клупата на Ал Батин, тим кој моментно се наоѓа на шестото место на табелата, но има амбиции да се вмеша во трката за влез во елитното друштво.

Ова е трет меѓународен ангажман на Јовановски, кој претходно работеше во турскиот прволигаш Самсунспор, како и во повеќекратниот бугарски шампион ЦСКА Софија.

Негов последен ангажман беше како предводник на второлигашот Кожув, а претходно Јовановски работеше и како шеф на стручниот штаб на Беласица, Шкендија, Брегалница, Металург, Милано, Работнички, Вардар….

Се вчитува...