Ѓоре Јовановски: Триумфот над Силекс е голем стимул за нас

Ѓоре Јовановски со триумфот над Силекс имаше успешен кам-бек на клупата на Работнички, а искусниот стратег заслугите ги пренасочи кон фудбалерите. Тој вели дека „романтичарите“ издржале голем психолошки притисок за да стигнат до трите бода.

„Заслугите одат за фудбалерите. Сакам да им честитам затоа што издржаа голем психолошки притисок, едноставно мечот против Силекс беше како финале за нас. Но, во таков стил продолжуваме и понатаму, триумфот е голем стимул и веќе сме фокусирани на следниот натпревар против Скопје. Ќе работиме напорно, го анализиравме претходниот настап и искрено сум задоволен од пристапот кон играта и комплетното издание, но секогаш има простор за напредок и ќе се потрудиме да бидеме уште подобри на секој нареден меч“, изјави шефот на стручниот штаб, Ѓоре Јовановски, за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...