Ѓорге Стојчев e нов тренер на АП Брера

Македонскиот второлигаш АП Брера Струмица објави дека Ѓорге Стојчев е назначен за нов шеф на стручниот штаб на сениорскиот тим.

Стојчев е добро познато име во клубот. Покрај тоа што во минатото успешно ја предводеше Брера до вицешампион и на европските натпревари, зад себе има и извонредна сезона со младинскиот тим. Во сезоната 2025/26, под негово водство, младинците на АП Брера Струмица ја освоија двојната круна, триумфирајќи во Младинската лига и во Купот на Македонија, што претставува уште една потврда за неговата успешна работа и посветеност во развојот на младите фудбалери.

Подготовките за новата сезона ќе започнат на 13 јули, кога е закажан првиот тренинг на тимот. Во текот на подготовките, планирано е екипата да одигра пет пријателски натпревари, преку кои стручниот штаб ќе ја темпира формата и ќе го воигра составот пред почетокот на новата натпреварувачка сезона.

 

Се вчитува...