Ѓорѓе Стојчев го напушти кормилото на Академија Пандев

Ѓорѓе Стојчев повеќе не е тренер на македонскиот прволигаш Академија Пандев.

Стојчев одлучи да се повлече од тренерското место во струмичкиот тим, по двата натпревари во кои Академија Пандев беше фаворит, но не успеа да стигне до триумф. Минатото коло загуби од Скопје со 1-2, а денеска ремизираше на гости кај Борец.

„Благодарност до Горан Пандев, Фк Академија Пандев. Со срце и душа работев од создавањето на клубот па се до денес. После двата последни резултати одговорноста ја превземам јас како тренер. Посакувам на клубот, играчите во иднина исполнување на зацртаната цел и се надевам ФК Академија Пандев ќе игра во Европските натпреварувања !!!“, напиша Стојчев на фејсбук. 

 

Се вчитува...