Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Александар Ѓорѓевиќ вели дека амбициите на неговата репрезентација на Светското првенство во Кина се освојување медал и тоа ако може дури и златен. Србија е актуелен олимписки, светски и европски вицшампион, а за титулите на последниот кошаркарски мундијал и на последните Олимписки игри ги загуби од составот на САД.
„ Медалите секогаш биле цел на нашата репрезентација, тоа бреме го носам уште од кога бев играч и постојано од кога сум слектор. И тоа не било каков медал, туку златен. Знам дека на сите им делува оти Американците се недопирливи, но јас им реков на нашите играчи. Некој ќе ги победи, зошто тоа да не е Србија“ – вели Ѓорѓевиќ.
Репрезентацијата на Србија во последното коло од квалфикациите со победа над Израел го обезбеди местото на Шампионатот. Во ждрепката за групите ќе има носителски статус заедно со селкциите на Кина, САД, Франција, Шпанија, Аргентина, Литванија и со Грција. Првенството ќе се одржи од 31. август до 15. септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА