Ѓорѓиев по златото во Братислава: И благодарам на Македонија, ова злато не е мое но на сите од кои имам поддршка

Најдобриот македонски кикбоксер Димитар Ѓорѓиев се враќа со европска титула од собирот на најдобрите на Стариот континент кој се одржа во Братислав, Словачка.

Трикратниот светски шампион сега го освои и европскиот трофеј потврдувајќи го својот квалитет во меѓународни рамки…

„Со скршени запчиња и исполнето срце, сакам да ви се заблагодарам за целата подршка и позитивна енергија што ја добив и добивам, овој медал не е мој, го делам со мојата фамилија, со нашата кик-боксинг федерација и репрезентацијата“ – вели Ѓорѓиев по освоеното злато.

А, македонската репрезентација од Братислава се враќа и со бронзен медал на Бобан Илиоски, на тој начин повеќе од успешно заокружувајќи го настапот на Европското првенство.

Се вчитува...