Ѓоргиевска го пропушта ЕП?

Капитенот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Елена Ѓоргиевска е неизвесна за настап на Европското првенство на кое ние заедно со Словенија и Црна Гора сме домаќини во месец ноември.

Селекторот на репрезентацијата, Љубомир Савевски вели дека ќе ги чекаат следните 15 дена до магнетната резонанца, но шансите за настап на ЕВРО се минимални.

„Повредата е незгодна, а знаците не се охрабрувачки. ЌЕ чекаме уште 15 дена до магнетна резонанца и нови прегледи, но шансите за нејзин настап на ЕП се мали. Како и да е, ќе чекаме и доколку постои и најмала шанса, ние би ја чекале Георгиевска“, изјави Савевски. 

 

Се вчитува...