Ѓорѓиевска: Имаме нова репрезентација, одиме чекор по чекор

Женската ракометна репрезентација на Македонија во четврток ја пречекува Црна Гора во ЕХФ купот.

Капитенот на репрезентацијата Елена Ѓорѓиевска вели дека и е многу мило што младите летово докажаа дека имаат квалитет.

„Има многу млади и талентирани играчи. Мило ми е што покажаа и докажаа дека има квалитет и има иднина во женскиот ракомет во Македонија. Периодот е краток и не може да се очекува многу  од нас. Ние искусните ќе се обидеме на секој можен начин да им помогнеме на младите. Имаме многу новитети, нов селектор и се надевам дека ќе покажеме карактер и срце на терен, па чекор по чекор да се поклопуваат работите како што треба“, изјави Ѓорѓиевска. 

Натпреварот меѓу Македонија и Црна Гора ќе се игра во четврток во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток во 20.15 часот.

Се вчитува...