Ѓоровиќ: Нема да се посрамотиме против Германија

Македонската женска кошаркарска репрезентација од денеска го почнува квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во 2021 година. Во првиот прозорец, денеска од 19.00 часот, националниот тим што го предводи Владимир Ѓоровиќ ќе се соочи со Германија во гости, а потоа в недела Летонија гостува во Скопје.

„Атмосферата помеѓу играчите како и меѓу играчите и стручниот штаб можам да кажам дека е извонредна. Здравствени проблеми, освен оние пред почеток на циклусот немаме така што ќе настапиме со сета сила со која располагаме во моментов. Во Германија сме примени одлично. Одржавме два тренинга, еден синоќа неколку часа откако пристигнавме како и еден утринава за воигрување и за шут. Ги скаутиравме со колегите од стручниот штаб и се подготвувавме да одговориме на нивниот начин на игра. Ние знаеме како треба да одиграме и верувам дека нема да се посрамотиме. За што ќе биде доволна нашата игра, тоа пред време не можеме да знаеме“ –  вели селекторот Владимир Ѓоровиќ.

Во квалфикациската група на нашата селекција е и репрезентацијата на Хрватска. Следниот квлафикациски прозорец е дури по 12 месеци. Првопласираните репрезентации од секоја група како и петте најдобри второпласирани репрезентации ќе се квалификуваат на Европското првенство кое ќе се одигра во 2021 година.

Се вчитува...