Господин трофеј: Анчелоти го надмина Гвардиола

Карло Анчелоти уште еднаш ја покажа фудбалската големина откако големиот стратег успеа да урне уште еден рекорд станувајќи најтрофеен тренер во историјата на Суперкупот на Европа.

Тој од вечерва е единствениот со пет пехари во ова натпреварување, успевајќи да го остави зад себе Пеп Гвардиола со четири трофеи…

Анчелоти првиот пехар во Суперкупот го освои пред 21 година, кога како тренер на Милан успеа да слави над екипата на Порто. Четири години подоцна, во август 2007 тој повторно триумфираше со Милан, овојпат против Севилја со 3-1.

Она што е интересно е што трите пехари во Суперкупот како тренер на Реал Мадрид италијанскиот стручњак ги доби со идентични 2-0 зза „кралевите“, првиот против Севилја во 2014 година, вториот против Ајнтрахт Франкфурт во 2022 и овој вечерашниот против Аталанта.

Се вчитува...